Добредојдовте!
![]() |
Добредојдовте на интернет страната на Општина Градско. |
| А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна три киломтери источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа, околното населние го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејки со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско. Железничката пруга Солун - Скопје е изградена во периодот 1871 - 1873 година, за време на владеењето на Турската империја со Македонија. Железничката пруга Солун - Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на железничката пруга и железничката станица Градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата железничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо. |



