Културни обележја:
![]() |
Самата општина има вредно историско минато,а со тоа и вредни културни знаменитости, споменици, цркви и други културно - историски обележја. Секако еден од тие објекти е и локалитетот Стоби кој е значаен и за целата држава,а познат и далеку во светот. Друг позначаен локалитет е манастирот: ‘‘Св. Архангел Михаил‘‘ кој се наоѓа на планината Клепа, помеѓу селта Горно и Долно Чичево. Датира од 17 век. |
Манастирот е интересен за намермиците кои секогаш се добредојдени во срцето на Македонија, во општина Градско. Покрај манастирот највеќе посетители се собираат на верскиот празник голема Богородица, дојденци од сите краеви на републиката и поранешни жители на селата. |


