Економија:
![]() |
Во 1947 год. Населбата Градско, и во дел од околните села (Уланци, Росоман и Градско) е воведена електрична струја. Во 1960 год. е изградена фабриката за битуменски маси и лепенки Изоломонт , чија вредност на производи во 1980 год. Изнесувала 60 милиони денари. Во 1964 година изграден уште еден индустриски капацитет Фабрика за производство на сточна храна со капцитет на 20.000 тони концентрат. |
Во Општината трговијата почнала да функционира со изградбата на железничката пруга и станица. Со тоа доаѓале трговци од Неготино, Велес, Скопје, Штип и др. Фирмите се бавеле со трговија на мешовита стока и вршење откуп на земјоделски производи а посебно житарици кои ги извезувале и надвор од Македонија. Трговски дуќани за продажба имало во Долно Чичево, Подлец, Виничани и Градско. Денес имаме современи продавници за мешовита стока и текстилна облека. Првите угостителски објекти се изградени во време на подигнувањето на железничката пруга. По завршувањето на Првата Светска војна 1918 год. Се изградени објекти (Хотел и други угостителски дуќани) кои во тоа време работеле успешно.Во тоа време никнале и слаткари, фурнаџии и други угостителски објекти. Во поново време Градско како општина и како транзитен центар има околу десеттина ресторани кафетерии и др. Денес со гордост, можеме да кажеме де ка Општина Градско брзо се развива и има голем број стопанскки субјекти. (види под индустрира). |


