Добредојдовте во Општина Градско  
English

Il contenuto di questa pagina richiede una nuova versione di Adobe Flash Player.

Scarica Adobe Flash Player

Поголеми индустриски капацитети


 Акционерското друштво ,,Вардар 03,, за промет и производство на земјоделски и сточарски производи, Градско
Акционерското друштво “Вардар-03” АД се занимава со модерно, механизирано и организирано земјоделско производство и промет на свежи земјоделски и сточарски производи, разни видови зеленчук, овошје, жита и житни култури, сирење и јагнешко месо, наменети главно за корисниците на домашниот пазар, а еден мал дел се пласира и на странски пазари.
Компанијата расте од година во година и постојано вложува сопствени (50%) и кредитни (50%) средства за да го подобрува квалитетот на производите. Во тек е и процесот за добивање сертификат на Еуреп Гап. Освен тоа, “Вардар-03” АД Градско постојано инвестира во современата технологија за остварување на поквалитетни производи. “Вардар-03” АД Градско е значајна компанија во за развој на општината. Таа вработува 270 лица. Од нив, 52 работат во администрацијата, а 218 во непосредното производство.

 АГРИА Груп ДОО свињарска фарма, Градско
АГРИА Груп ДОО свињарска фарма е сопственик на објекти со површина од 22.089 м², како и корисник на земјиште во функција на овие објекти со површина од 126.441 м². Дополнително, оваа фарма има и подвижен имот кој се наоѓа во подрачјето на општина Велес.
АГРИА Груп ДОО свињарска фарма работи рентабилно со проектиран капацитет за годишно производство на 30 000 товеници. Таа го снабдува пазарите низ целата република со квалитетно свинско месо и подмладок.
Најголеми купувачи на свинско месо од АГРИА Груп ДОО свињарска фарма се: Римес Скопје, Промес Скопје, Камес Кавадарци, Мега Велес и други.
Целосната проценка на заокруженото производство се одвива во 16 објекти во кои се спроведуваат најголемите технички постигнувања во поглед на технологијата.
И оваа компанија е субјект кој игра важна улога во развојот и определувањето на насоките за развој на општината.

 

 Винаријата ,,Стоби,, - Градско. Eден од поновите индустриски капацитети во општина Градско е винаријата ,,Стоби,,. Винаријата е една од најсовремените на Балканот со целосно автоматизиран процес на производство на високо квалитетни вина. На пазарот винаријата ќе понуди повеќе сорти на бели и црвени вина за сите потрошувачки вкусови, меѓу кои и р'кацители, аминта, шардоне, мерлот, ризлинг, каберне совињон, пино ноар и познатиот македонски вранец.
Вкупниот капацитет е проектиран на околу 4 милиони литри вино, што ја става во категоријата на средни винарии. Во неа ќе се преработува грозјето кое се добива од сопствените плантажи на комбинатите „Вардар - Градско“ и „Црвени брегови“.
Годишно во неа ќе се преработуваат околу 6,5 милиони килограми грозје, за што ќе се врши и откуп на грозје од локалните кооперанти од 1 до 1,5 милиони килограми грозје.
Освен овие претпријатија, на територијата на општината се Општина Градско има регистрирано 80 претпријатија, од кои со поголем капацитет се : ЖИТО ВАРДАР - производство на сточна храна, МАКПЕТРОЛ - склад за гориво, ИЗОЛОМОНТ - производство на изолациони материјали, Млекарница „Милком“ - Ногаевци - производство на млеко, јогурт и сите видови на млечни производи.

Останатите економски субјекти се од областа на трговијата (колонијали, трговски друштва, бутици, земјоделски  и фармацевски аптеки, угостителски објекти – ресторани, транспортери, отпади за метали, авто сервиси и друго.