Географска положба
![]() |
Општината Градско е сместена во рамничарскиот дел во Република Македонија, на површина од 290 км2 на двете страни на средното Повардарие, на надморска висина од 147 метри, а климата е медитеранска. Летата се топли и суви, а зимите благи. Често се јавува и ветер (повардарец). Општината ја сочинуваат следдниве населени места: Градско, Виничани, Ногаевци, Уланци, Водоврати, Подлес, Горно и Долно Чичево и Скаченци. Општина Градско располага со 7000 ха. обработливо земјиште на кое се одгледуваат главно градинарски култури но застапено е и лозрството. Во општината е застапено и сточарството, кое располага со површина од 9032 хектари. Треба да го споменеме и еколошки чисто производство на мед, кој е еден од најпознатите во Македонија. Пчелните семејства се наоѓаат во подножјето на планината Клепа. |


