Отчет

Почитувани граѓани,

Пред 18 месеци Ви ветив дела, Ви ветив создавање услови за подобар живот, изградба на инфраструктура. За мене, за Советот на Општина Градско и општинската администрација одбрав работа, работа и само работа.

Но ништо што се создаде во овој кус временски период во Општина Градско не го направивме ние сами. Најголемата заслуга за тоа е Ваша почитувани граѓани. Вие ги избравте приоритетите, Вие ги креиравте програмите, Вие ги изнесовте потребите, проблемите и визиите за развојот на Градско.

Затоа за неполна година успеавме да реализираме неколку важни проекти.

Знаете, Општина Градско е голема по територија, а мала по жители. Има многу инфраструктурни проблеми, а малку средства. Но тоа не е причина да кренеме раце и да чекаме друг да ни ги реши проблемите. Ако успеавме да ги завршиме работите чија вредност се изразува со милионски суми, убедена сум дека имаме капацитет да се соочиме со сите предизвици.

Оптимизмот го наоѓам во Вас, во децата, учениците, младите, во искусните граѓани што се цврсто врзани за својата родна грутка и тука ја гледаат својата иднина.

Јас и мојот тим сме тука за Вас и ветувам дека со истиот интензитет ќе градиме, ќе создаваме со истата мисла – Градско да биде пристојно место за живеење,посакувана дестинација за посета и стабилна локација за инвестиции.

Отчетот можете да го превземете од следниот линк

Со
почит,

Градоначалник
на Општина Градско,

Жанета
Чаушевска