Членови на совет

Информации во врска со членот на советот(лична биографија)
Виолета Малчева  е родена во Виничани, каде го завршува основното образование. Средно образование завршува во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Своето образование го продолжува на Правниот Факултет во Скопје, во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Работното искуство и почнува во 1998 година, како Секретар на Совет на Општина Градско, за после 7 години да биде Раководител на Одделение за правни, финансиски и општи работи во  Општина Градско. Од 2010 година е Директор на ЦРПС Подружница Велес, во АД Македонска Пошта, во државна сопственост, Скопје. 
Информации во врска со членот на советот(лична биографија)

Трајче Ѓошев е роден на 18.11.1991 во Велес. Живее и го завршува своето основно образование во своето родно место, Градско. Потоа своето школување го продолжува во Велес каде што завршува средно гимназиско образование, јазично-уметничка насока. Високото образование го продолжува на филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје на катедрата за италијански јазик и книжевност на која што и го привршува своето образование. 

Родена на 06.12.1987 во Градско, Маја Славева живее и расте во родното место и  го завршува своето основно училиште во ОOУ  „Даме Груев“ Градско. Своето средно образование го продолжува во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, јазично-уметничка насока каде се здобива со одлично познавање на англискиот и францускиот јазик, истовремено изучувајќи ги и италијанскиот и латинскиот јазик. Патешествието на нејзиното образование продолжува во Битола, на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ каде се здобива со стручни знаења од политичките, правните, економските и менаџерските науки. Во 2014 година ја продолжува својата лична и животна надоградба и желбата за учење ја задоволува  на  Магистерските студии на Институтот за комуникациски студии при  Високата школа за новинарство и односи со јавност во Скопје, насока Менаџирање на стратегиски комуникации. Институтот е водечка научно-истражувачка организација во областа на политичката комуникација, односи со јавност, корпоративно комуницирање и медиуми. 
Информации во врска со членот на советот(лична биографија)
Информации во врска со членот на советот(лична биографија)
Информации во врска со членот на советот(лична биографија)
Информации во врска со членот на советот(лична биографија)

 

Oрганизација и работење на органите на Општината


а) Конституирање
член 5
Конституирањето на Советот се врши со верификација на мандатот на членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечената изјава со содржина утврдена со закон.
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.
Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата седница на која тие ќе присуствуваат.

член 6
Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.

б) Права и должности на членовите на Советот
член 7
Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут.
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.
член 8
Членот има право и должност :
- да предлага претресување на прашање, појави, состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината
- да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амадмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот
- да бара од администрацијата на Општината (во натамошниот текст администрација), како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот
- да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисијата во која членува
- да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седницата на Советот или на комисија

член 9
Членот на Советот има право да присуствува и да учествува во работата на седници на комисија на Советот, иако не е член на комисијата, но без право на одлучување.

член 10
Членот на Советот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седници на Советот и комисијата чиј член е, должен е за тоа благовремено да го извести претседателот на Советот и претседателот на Комисијата.
Членот на Советот кој од оправдани причини подолго време е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, има право да побара од Советот одобрение за отсуствување од седниците.
По барањето од ставот 2 на овој член, Советот одлучува без претрес.

в) Претседател на Советот
член 11
Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
Предлог за претседател на Советот може да даде секој член на Советот.
Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните членови на Советот.
Постапката за избор на претседател на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.

г) Начин на работа
член 12
Советот работи на редовни седници, а по потреба може да одржува свечени и вонредни седници.
член 13
Денот, часот и местото на одржување на редовна седница на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи на седницата се објавуваат на огласна табла на Општината.

член 14
Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, преставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Општината.
член 15
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сугурноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности.
Вонредна седница на Советот свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или на барање на најмалку 1/3 од членовите на Советот или на предлог на градоначалникот.
Покана за вонредна седница заедно со предлогот на дневен ред на членовите на Советот им се доставува на најбрз можен начин.
Пред отпочнувањето со работа на седницата, членовитена Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на вонредна седница, без претрес и со мнозинство од присутните членови на Советот.
член 16
Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, на седницата претседава најстариот член на Советот.
член 17
Советот може да одлучи со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, гласањето по одредени прашања да биде тајно.
член 18
Свикувањето на седниците на Советот, утврдувањето на дневниот ред , текот на седницата, записниците, постапката за донесување на акти и други прашања сврзани со работата на Советот, поблиску се уредуваат со Деловникот.

(од Статутот на Општина Градско)