Историја
![]() |
Името, населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од два километри источно од новата населба, лоцирана на самата жележничка пруга Солун - Градско. Имено, прво е изградена железничката пруга Солун – Скопје, па во тек на градбата и по завешувањето на пругата, никнала населбата Градско.Пругата почнала да се гради на 1 април 1871 година, а завршена е по две и пол години, односно на 1 октомври 1873 година. Со транзитот помеѓу север и југ, започнува да живее и населбата во која веќе се отворени и првите, продавници, кафеани други објекти. Сепак, најнапред е подигнат градот Стоби, уште во 147 год. п.н.е.( види мени: Стоби) Населбата Градско е подигната на ледина, затоа што предходно таму немало друг град или слични објекти, а самата населба е најблизу до селата Градско и Уланци, околу 2 км. Првично населбата и околината заживува по завршувањето на првата светска војна, кога и се развила миграцијата. |
| Населението во општина Градско уште во минатото, го сочинувале дојденци од Штип, Велес, Скопје и од Егејска Македонија. Структурата на населението се менува за време на војните, за време на балканските војни 1912 година живееле Турци и Грци кои биле ангажирани за работа од турската власт на железницата. Помеѓу првата и втората светска војна, населбата ја населиле Бугари и Срби. По завршување на втората светска војна, населението е воглавно Македонци.Статистички во Градско во 1948 година живеат 9691 жители. |


