Образование и култура
Во Општина Градско има едно основно учулиште, и четири подрачни од кои две деветтолетки. Две од нив се веке реконструирани. Скоро во сите училишта има спортски игралишта за спорт и рекреација и за одвивање настава по физичко воспитување. И образованието датира кога и во цела Македонија односно по завршувањето на втората светска војна. Култура: Општина Градско има и дом на Култура „Крсте Петков Мисирков„ каде се одржуваат културни, јавни собири и трибини. Културно уметничките друштва „Стоби‘‘ од Градско и „Илинден‘‘ од с. Виничани, постојат повеќе од десет години, а зад нив се многубројни настапи на меѓународни и домашни натпревари. Посебно во летниот период, се одржуваат голем број манифестации и приредби на разни локации во општината. |

