Општина:
![]() |
Општина Градско зафаќа површина 290 км2 , на која егзистираат повеќе населени места. Општината Градско ги опфаќа следниве населени места: Градско, Виничани, Водоврати, Ногаевци, Уланци, Подлец, Горно Чичево, Долно Чичево, Скаченци. Населението, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат Македонци, потоа: Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство. |
Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион. Општина Градско со неговата географска местоположба, која главно е во рамничарскиот дел, во срцето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот. На површина од околу 7.000 ха обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи, а постојат и добри услови за развој на пољоделство и лозарство. Д ел од населението се занимава со сточарство, што го овозможуваат квалитетните пасишта на површина од 9032 хектари. Градско е исто така и лозарска општина, позната и по производство на мед. Медот е еколошки чист и е најлековит производ во Македонија, а пчелните семејстава се наоѓаат на подножјето на Клепа. Според новата поделеност на Република Македонија и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и егзистенција. Денес слободно можеме да кажеме дека општината Градско нуди можности за добар живот и е погодна за инвестиции. Сега веќе има и парк, кафетерии, диско и друга забава за младите кои порано често оделе во околните општини. Децата се згрижени во забавиште, училишта и го имаат и центарот за информатика и забава –Вавилон. Со еден збор општината живее денес и чекори кон подобро утре. |
Демографија
|


