Соопштенија
Втора фурумска сесија
Како продолжение на првата форумска сесија, на ден 10.11.2011 година во Општина Градско се одржа втората форумска сесија на која беа поканети претставници од Месните Заедници, НВО, Бизнис секторот, земјоделието, образованието, здравството, младите, односно секој кој сака да се вклучи и да земе свое учество како би дал свој допринос во решавањето на проблемите со кои се соочуваат самите граѓани. На оваа форумска сесија од старана на присутните беа изнесени проблемите и предложени решенијата за нивно надминување. Проблемите беа од областа на Урбаниот развој, односно темата која беше избрана на првата форумска сесија. Втората форумска сесија ќе се одржи на 07.12.2011 година со почеток во 18.00 часот.
Прва форумска сесија
Како и повеќе општини Република Македонија така и општина Градско аплицираше кај Швајцарската агенција за развој и соработка за вклучување во проектот Форуми во заедницата. Апликацијата беше прифатена и во соработка со Центарот за одржлив развој АЛКА во нашата општина ќе се спроведува наредниов период. На ден 20.10.2011 година се одржа првата форумска сесија на која беа поканети претставници од Месните Заедници, НВО, Бизнис секторот, земјоделието, образованието, здравството, младите, односно секој кој сака да се вклучи и да земе свое учество на тие форумски сесии. Беа презентирани трите теми и тоа: Младите во руралните заедници, Урбан развој и ЛЕР од која требаше да се избере една тема на која ќе се работи наредните четири форумски сесии. На првата форумска сесија беше избрана темата Урбан развој. Втората форумска сесија ќе се одржи на 10.11.2011 година со почеток во 11.00 часот.
Проект за Изградба на Училишна спортска сала
Во Општина Градско започна изградбата на Училишна спортска сала - Проектот на Министерството за образование и наука на Р.Македонија за ,,Изградба на 145 Училишни спортски сали со кој ООУ,,Даме Груев,, Градско ќе добие соодветно место за обавување на наставата по Физичко образование. Освен за потребите на ООУ,,Даме Груев,, Градско оваа сала ќе може да ја користат и сите заинтересирани граѓани и спортски клубови од општината за рекреација.
Оглас за КО-МОДЕРАТОР - Општина Градско
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот октомври 2011 – март 2012, Форумскиот процес во општината Градско ќе го спроведува Центарот за одржлив развој „Алка“.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОРкој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 8 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7-9 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
-
Раководење и координирање со Оперативната група;
-
Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
-
Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
-
Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
-
Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
-
Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
-
Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
-
Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, Алка и SDC;
-
Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
-
универзитетско образование
-
познавање на англиски јазик
-
активно користење на компјутер (Word, Excel, Outlook)
-
познавање на процесот на децентрализација
-
искуство во работа со невладни организации
-
да е жител на општината
-
искуство во фасилитација, координација и известување
-
наклонетост кон тимска работа
-
одлични комуникациски вештини
Избраниот кандидат ќе присуствува на тридневна обука во периодот од 15ти до 17ти септември, која ќе се одржи во Скопје. Присуството на обуката е задолжително.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 8ми септември, на следната електронска пошта:
snezana.kapsarova@alka.org.mk
ЈАВЕН ПОВИК
До сите градежни компании за вклучување во акцијата за чистење на речни корита во Општина Градско.
Општина Градско, Ве известува дека претстои акцијата за чистење на речните корита. Заради целосна реализација на истата ги повикуваме сите градежни компании во РМ да ги вклучат своите расположливи ресурси за расчистување на речните корита.
Општина Градско оваа акција ќе ја спроведува во координација со Министерството за транспорт и врски и останати релевантни институции.
За сите информации за оваа акција, градежните компании можат да ги контактираат лицата:
Ацо Атанасов тел.071-377-397 и
Пецо Кузманов тел. 075-449-104
Со почит,
Општина Градско
Општина Градско свечено го прослави своето четиринаесет годишно постоење
| На 16 декември 2010 година Општина Градско по повод четиринаесетгодишното постоење организираше свечена манифестација во Домот на Културата ,,Крсте Петков Мисирков,, во Градско. Ден претходно беше организирана и крводарителска акција која заврши мошне успешно во која зема учество и локалното Здружение на крворарители.
Свеченоста беше богата со културни содржини како настап на драмската секција на ООУ,,Даме Груев,, Градско кои ја изведоа претставата ,,Мрзливата сопруга,, училишноит хор и оркестар, а со сплет од македонски ора од Источниот дел на Македонија се претстави пред публиката и КУД,,Стоби,, од Градско. Во рамките на свеченоста беа доделени и пофалници за учениците кои имаат остварено посебен успех, како и благодарници на локалните фирми со кои општина Градско остварува долгогодишна успешна соработка. Свеченоста заврши со положување на цвеќе пред спомен плочата на Златко Владов, по што за присутните беше организиран и скромен коктел. |
|---|
Отворен даночен шалтер во Општина Градско
![]() |
По повод Св. Матеј - денот на даночните работници во Македонија, на ден 27 ноември 2010 година Управата за јавни приходи отвори свој даночен шалтер во Општина Градско. Со тоа се направи уште едне чекор во доближувањето на своите услуги до даночните обврзници, граѓаните и бизнисите, со цел што подостапност на своите услуги, поедноставни процедури, намалување на потребното време и трошоци за поднесување на даночните пријави и издавање на потребните документи за локалното население. |
|---|
Свечено пуштање во употреба на фудбалско игралиште во Општина Градско
Општина Градско и официјално го доби во употреба ново изграденото фудбалско игралиште. Свеченото пуштање во употреба беше направено од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Диме Спасов, претеникот во Собранието на Република Македонија г-дин Илија Димовски и Градоначалникот на Општина Градско г-дин Глигур Коцев.
Се работи за Проект на Владата на Република Македонија за подобрување на спортската инфраструктура во Република Македонија, во кој е вклучена изградба на 50 спортски игралишта од кои едно од тие е во Општина Градско.
Проектот беше реализиран со средства од Агенцијата за млади и спорт.
На посетата на Општина Градско, Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски најави дека инвестициите во областа на спортот во Општина Градско не запираат, ќе се гради и едно мултифункционално игралиште како и училишна спортска сала со средства од Министерството за образование и наука.
ПРОМОЦИЈА НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Во рамките на манифестацијата „Промотивни денови на регионите“ во организација на ЗЕЛС и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, на 8-ми јули годинава Вардарскиот регион се претстави пред македонските граѓани. На манифестацијата која се одржа на плоштадот Македонија во Скопје под мотото „Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“, пред посетителите со свој уреден штанд се претстави и Општина Градско.
Штандот предизвика особено внимание кај посетителите на кој истите имаа можност преку промотивни материјали и разговор со присутните од општинската администрација да се запознаат со работата на општината, палетата на вина од ново отворената винаријата ,,Стоби,,, артефактите кои се пронајдени на археолошкиот локалитет СТОБИ како и земјоделските производи кои се карактеристика на Општина Градско.
Отварање на локален пат во населба Водоврати
![]() |
|
СООПШТЕНИЕ ОД ООУ,,ДАМЕ ГУЕВ,, ГРАДСКО ООУ ,,Даме Груев,, Градско, започна со упис на ученици во прво одделение кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно деца кои се родени во 2004 година. 1. Извод од матична книга на родените Директор
Осветување на црквата ,,Св.Илија,, во село Виничани
На ден 9 мај 2010 година со почеток во 08,00 часот, свечено осветување на црквата ,,Св. Илија,, во село Виничани изврши Митрополит Повардарски г.Агатангел. Од страна на Црковниот одбор на свеченоста беа поканети да присуствуваат и други свештени лица, градоначалникот на Општина Градско г-дин Глигур Коцев, членовите на Советот на Општина Градско и општинската администрација, како и сите оние граѓани кои се вклучиле во изградбата на овој свет храм со свој придонес.
ФОЛКЛОРИЈАДА ГРАДСКО 2010 На 8 мај 2010 година КУД ,,Стоби,, од Градско под покровителство на градоначалникот на Општина Градско г-дин Глигур Коцев, организираше пролетна културна манифестација ,,Фолклоријада Градско 2010,, која традиционално се одржува секоја година во општина Градско. На истата земаа учество повеќе Културно Уметнички Друштва меѓу кои од Биотла, Росоман, село Ињево - Радовиш и секако Градско како домаќин на манифестацијата. СООПШТЕНИЕ до граѓаните Се известуваат жителите на Населба Градско кои живеат на улиците ,,Славе Евтовски,, и ,,Душан Ќирич,, дека во втората половина на месец Мај Комуналното Претпријатие ќе врши реконструкција на постоечката водоводна мрежа. Исто така во наведениот период ќе се врши и ископ за поставување на технолошка вода во село Старо Градско. ЈКП ,,Клепа,,
ИЗВЕСТУВАЊЕ Општина Градско ги известува граѓаните дека на ден 26.04.2010 година (понеделник) во просториите на Домот на Културата ,,Крсте Петков Мисирков,, - Градско со почеток во 19,30 часот ќе се одржи предавање на тема: АПРЗ РЕ ВЕЛЕС
Одржана координативна - информативна средба во општина Градско На 26.04.2010 година во салата на општина Градско во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фикус,, се одржа првата координативно-информативна средба на претседателите на месните заедници на општина Градско со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 7 претседатели на месни заедници и тоа од МЗ Уланци, МЗ Водоврати, МЗ Горно Чичево, МЗ Ногаевци, МЗ Кочилари, МЗ Градско и 2 претставници на општинската администрација.
КАПТАЖА ВО СЕЛО ВИНИЧАНИ Општина Градско започна со реализација на проектот ,,Каптажа во с.Виничани,, Во тек е зафаќањето на водите од извор за вода за пиење за жителите на село Виничани во должина од 1 км, поставување на цевковод и доведување на водата до веќе постојниот систем. Со реализација на проектот на жителите на с.Виничани - Општина Градско ќе им се овозможи континуирано снабдување со квалитетна вода за пиење. Во тек е реализацијата на Проектот ,,Асфалтирање на локалниот пат с. Долно Чичево - с. Подлес Започна реализацијата на Проектот ,,Асфалтирање на локалниот пат село Долно Чичево - село Подлес во должина од 2,3 километри,,. Проектот ќе се реализира преку програмата на Владата на Република Македонија за реконструкција и рехабилитација на локалните патишта во Р.Македонија. Инвестицијата е во висина од 6 милиони денари. Со реализација на овој проект ќе се обезбеди подобра поврзаност на жителите од селото со општинскиот центар, како и полесен пристап до селото и можност за развивање на селски туризам.
Пуштање во употреба на асфалтираниот пат за село Водоврати Во село Водоврати заврши реализацијата на Проектот ,,Асфалтирање на локалниот пат за село Водоврати во должина од 3 км,, кој го поврзува селото Водоврати со регионалниот пат Велес - Градско. Уредување на паркови и нови зелени површини Во изминатиот период Општина Градско започна со реализација, а сега веќе и целосно е реализиран Проектот ,,Детски забавен парк на улицата ,,Маршал Тито,, во Градско. Поставени се повеќе детски реквизити, уреден е паркинг просторот со пешачки патеки, со нови зелени површини, засаден е нов дрворед. Исто така поставено е ново осветлување на овој простор за да се овозможи користење на просторот и во вечерните часови.
Започнати се градежни активности за проектот ,,Резервоар за вода за пиење,, во Општина Градско Започна изведувањето на градежните работи за проектот ,,Резервоар за вода за пиење од 250 м3,, во Градско, инвестиција вредна 3,5 милиони денари.
Ново осветлување во централното подрачје Во согласност со стратегија на Владата на Република Македонија за поголема енергетска ефикасност, Општина Градско превзема мерки за промена на стандардноте светлечки тела со нови кои се многу поштедливи и поефикасни.
Организиран турнир во мал фудбал По повод велигденските празници на ден 3 април 2010 година, Општина Градско организираше Турнир во мал фудбал, со цел афирмирање на спортот и рекреацијата на младите во Општина Градско. 30 март 2010 ,,Ден на дрвото - засади ја својата иднина,, Се одржа денот на дрвото во Општина Градско. Просветните работници, учениците во ООУ ,,Даме Груев,, Градско, вработените во општинската администрација, комуналното претпријатие и сите граѓани кои ја сакаат природата излегоа на терен и со засадување на садници симболично ја засадија својата иднина во здрава и чиста животна средина. Одржана тематска трибина и посета на граѓаните на Општина Градско На 25 март 2010 година во Домот на Културата ,,Крсте Петков Мисирков,, во Градско се одржа тематска трибина и средба со граѓаните од страна на тимот на Владата на Република Македонија предводен од страна на Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии г-дин Зоран Ставревски, придружен од г-дин Васко Наумовски - Заменик на Претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања, г-дин Зоран Коњановски - Министер за одбрана и уште многу други функционери.
|





