Добредојдовте во Општина Градско  
English

Il contenuto di questa pagina richiede una nuova versione di Adobe Flash Player.

Scarica Adobe Flash Player

СТОПАНСТВО

Заради географската положба, природните ресурси, културата и традицијата, како и постојните капацитети, на територијата на целата општината постојат извонредни услови за поледелство, градинарството, лозарството, овоштарство и сточарство. Вкупната аграрна површина во Општина Градско зафаќа околу 7.000 хектари обработливо земјиште, а добар дел од земјиштето е обезбедено и со мрежа за наводнување.
Општина Градско е претежно земјоделска општина. Како вршители на земјоделска дејност во Општина Градско се регистрирани 26 лица, а во иднина се очекува овој број да се зголеми со оглед на субвенциите кои во овој сектор ги дава централната власт и со оглед на ангажираноста на граѓаните во оваа дејност. 
 Основен белег на стопанството во Општина Градско е производството на земјоделските култури, а главен земјоделски производ на територијата на општината се градинарските производи, а дел од населението се занимава и со лозаро - овоштарство.