Туризам
Многубројните манастири и цркви во Општина Градско претставуваат непроценливо богатсво, како за Општината така и за државата. Секако како најпривлечен објект е археолошкиот локалитет Стоби. Сепак тука е и манастирот Св. Архангел Михаил, кој датира од 17 век. Со својата природна убавина и чистиот воздух на љубителите на планинарењето, планината Клепа нуди незаборавни мигови. Долж течението на реката Вардар има можност за спртски риболов. Со отварањето на повеќе угостителски објекти, има можност да се проба од традиционалните јадења, приготвени на начин својствен за општината.Имате можност да посетите и локално кафуле, а за време на викендите и клуб, во кои објекти ќе бидете срдечно пречекани. |

